Скопјани го напуштаат главниот град

1353

На излезот на Скопје, од Ѓорче Петров кон автопатот за Тетово, во попладневните часови може да се забележи метеж во сообраќајот и колона возила кои го напуштаат Скопје. Ваквата слика на излезот од главниот град на Македонија е вообичаена за време на празници.

Фотографиите до кои дојде веб-редакцијата на „Нова Македонија“ јасно покажуваат дека значителен број на скопјани нема да ја пречекаат Новата година во своите домови.