Силата на ирачките жени ги бојадиса ѕидовите на Багдад

225

Силата на ирачките жени кои зедоа водечки улоги во протестите што го зафатија Ирак во октомври, се слави низ големите мурали насликани низ главниот град Багдад.

Муралите, честопати насликани од жени, ја истакнуваат активната улога и нивното дејствување во протестите, и покрај неодобрувањето од нивните родители и сопрузи.

Покрај тоа што над 400 жени беа досега убиени од безбедносните сили на земјата, жените и понатаму се приклучуваат на демонстрациите, поттикнати од минатото во кое немаа никаков удел во политиката.