Светот во трка за спречување на коронавирусот

203

Властите низ светот се во трка да го спречат ширењето на коронавирусот. Затоа најчесто тие ги засилуваат контролите на пограничните подрачја, ги ставаат во карантин заболените лица во одредени области, прават контролни систематски проверки и спроведуваат дезинфекција во местата на живеење и на аеродромите. Маските се исто така вообичаена појава во пределите каде што се прошири коронавирусот.