„Проект Кентаур“ – суперјахта што наликува на вселенски брод

477

Неколку недели откако поморската архитектка Елена Напи го понуди моделот на хибриден брод што може да се трансформира во подморница, таа ги откри плановите за суперјахта што наликува на спој од поморски воен брод и вселенско летало.

Суперјахтата наречена „Проект Кентаур“ има должина од речиси 100 метри и засега е прототип. Од компанијата „Офичина Армаре“ објаснуваат дека „кентаурот“, кој се одликува со комплексен дизајн, ќе биде достапен најрано во 2020 година.