Поплавите оставија пустош во Јапонија

169

Обилните сезонски дождови се очекува повторно да ја погодат Јапонија денес, додека бројот на загинати како резултат на поплавите и лизгањето на земјиштето на јужниот кинески остров Кјушу се искачи на 62.

Најмалку 17 лица загинаа во Кјушу, каде што рекордните поројни дождови предизвикаа свлечишта и поплави во текот на викендот, објави телевизијата НХК.

Спасувачите биле повикани во градот Јуфу во префектурата Оити, каде надојдената река однела возило во кое се наоѓале четири лица, објавија јапонските медиуми.

Работниците за итни случаи и војската се обиделе да стигнат до жителите во руралните области на префектурата Кумамото, отсечени од лизгање на земјиштето и поплавите, кои започнаа да ги отстрануваат калта и остатоците од нивните домови и канцеларии.

Според Министерството за земјоделство, од саботата се случиле 179 лизгања на земјиштето, вклучувајќи 48 односно 36 во префектурите Кумамото и Кагошима.

На стотици илјади жители им е наредено да ги напуштат своите домови, додека Јапонската метеоролошка агенција предупредува за лизгање на земјиштето, поплави и надојдени реки. Сепак, многу луѓе избраа да не одат во засолништа поради страв од коронавирус.

Метеоролошката агенција објави дека очекува обилните дождови да продолжат во повеќето делови на земјата до недела.