Пандемијата предизвика нов бран на прекумерна употреба на пластика

280

До неодамна, многумина се надеваа дека крајот на употреба на пластиката и загадувањето од пластичните производи ќе се случи во блиска иднина. Но, коронавирусот, за жал, ја промени ситуацијата и стана причина за нов бран на употреба на пластика.

Од почетокот на пандемијата, забележано е значително зголемување на пластичниот отпад насекаде низ светот, како што се медицинските маски, ракавици и скафандери, како и зголемен број набавки на марамчиња за еднократна употреба и течен сапун, кои се наоѓаат во пластични амбалажи.