Пандемијата го стави детството на пауза

131

Светската пандемија на вирусот ковид-19 го смени животот и го „стави на пауза“  детството на илјадници деца. Игралиштата и парковите се празни, без смеа и џагор. Децата седат затворени во своите домови, некои од нив сами ги прославуваат нивните родендени и мора да учат преку екраните на телевизорите. На голем дел од нив им недостига играта и дружењето со нивните другари, а карантинот им е здодевен.