Нови 29 локации на списокот на светско наследство на УНЕСКО

200
Шеки, Азербејџан

Од руините на античкиот град Вавилон во Ирак, до архитектурата на Френк Лојд Рајт и регионот Просеко во североисточна Италија, комитетот за светско културно наследство на УНЕСКО додаде 29 нови локации на нивната листа на годишниот состанок во Баку, Азербејџан.

Органот за култура на Обединетите нации еднаш годишно се состанува за да ги одобри додавање на културолошките, природните и другите локации на нивната листа за заштита, која сега има 1121 локација од „извонредна универзална вредност“.