Неопеаните херои на црвениот килим

1713

Најголемите ѕвезди од шоу-бизнисот внимаваат да изгледаат беспрекорно додека чекорат по црвениот килим на важните јавни настани, за што понекогаш им е потребна помош. Токму затоа, познатите актерки, пејачки и модели, покрај себе имаат луѓе задолжени за да им помагаат со гардеробата, односно за држење на нивните фустани, за време на сликањето од страна на фоторепортерите. Во зависност од фустанот, понекогаш е потребен тим од повеќе луѓе кои ќе го носат, како што може да се забележи на сликите.