Мис Талавера Бруси – бразилскиот избор за најубава затвореничка

291

Бразилските власти традиционално го организираат изборот за убавина во затворот „Талавера Бруси“ во Рио де Жанеиро (неодамна се одржа 13-то издание), со цел за кревање на самодовербата на тамошните осуденички и за нивна интеграција. Фризери и шминкери волонтираат за да ги подготват натпреварувачките, кои се оценувани според убавината, привлечноста и ставот, пренесува британски „Гардијан“.