Метежи и редици додека скопјани се снабдуваат во пресрет на целосниот карантин

2819
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Големи метежи на пазарите и редици пред маркетите во Скопје се забележуваат во пресрет на воведувањето на полицискиот час за време на претстојниот продолжен викенд, додека скопјани се снабдуваат со потребните намирници, како што може да се види на фотографиите на фоторепортерката на „Нова Македонија“ Маја Јаневска-Илиева.

Голем дел од тезгите се празни или имаат малку преостанати производи по напливот на муштерии, додека луѓето се жалат дека повеќе не може да се купи леб по маркетите.