Менхетн во мрак

129

Комерцијалниот и културен центар на Њујорк, Менхетн, ноќеска помина неколку часа без струја. Прекинот на електрична енергија, предизвикан од пожар на трансформатор, ги затемни познатите светлечки паноа на Тајмс сквер и предизвика прекин на изведбата на претставите на Бродвеј, како и на сообраќајот во њујоршкото метро. Околу 72 илјади луѓе останаа во темница поради прекинот на електрична енергија. Надлежните служби успеаја да го отстранат дефектот и да ја вратат електричната енергија.