Маските станаа дел од секојдневието

244
Фото: Игор Бансколиев

Скопјани главно носат заштитни маски при извршувањето на секојдневните активности, со што прекривањето на лицето се чини дека стана вообичаено за граѓаните на главниот град при излегувањето од нивните домови. Низ фотографиите на Игор Бансколиев се добива приказ за начинот на кој скопјани ги почитуваат превентивните мерки за спречување на ширењето на заразата.