Маските на протестите во Хонгконг

97

Законот за забрана за криење на лицето дополнително ја разгоре упорноста на демонстрантите во Хонгконг. Откако властите во Хонгконг донесоа закон со кој се забранува криење на лицето, демонстрантите возвратија со уште поголема упорност во нивните протести.

Како одговор на овој новоизгласан закон кој веќе стапи на сила, демонстрантите се појавија низ Хонгконг носејќи различни маски.

Маските се разновидни, почнувајќи од наједноставните медицински маски, потоа работнички маски со работнички шлемови, гас-маски, и маски од херои и антихерои од поп-културата.

Покрај маските, тие на себе носат и испечатени пораки кои гласат „Борете се за слобода“ и „Застанете со Хонгконг“.

Овој закон го забранува криењето на лицето, беше донесен и веднаш стапи на сила со надеж дека демонстрациите во Хонгконг ќе запрат. Но, насместо да спласнат, тие  се засилија, откако маж и жена беа доведени пред суд во неделата поради криење на нивните лица за време на протестите, кои траат веќе четири месеци.