Кукли на кои им е даден реалистичен, нов живот

128

Украинката Олга Каменетскаја е специјалист за поправка на кукли и нивна модификација. Таа ги зема произведените играчки кои би требало да бидат „совршени“ и им дава нов, реалистичен изглед. Каменетскаја започнала да го прави ова како хоби, но набрзо оваа работа прераснала во нејзина кариера. Нејзините кукли имаат неверојатни детали и вдахнат им е нов живот.
Може да се каже дека куклите изгледаат многу подобро после нејзиниот „природен третман“ и докажуваат дека човечките недостатоци се тоа што всушност нè прави убави.