Кичот и луксузот на римската мафија Касамоника

263

Украси од злато и мермер, големи статуи од коњи, персиски теписи, златни завеси, огромни вазни и порцелански тигри, беа пронајдени во осумте гламурозни ориентални вили на мафијашкото семејство Касамоника, при рациите на италијанската полиција која ги запленети имотите.

Римската Касамоника е еден од најмоќните италијански кланови. Вилите на мафијата наликуваат на имотите од тв-шоуто „Гомора“, каде што има многубројни позлатени статуи и раскошен мебел.

Во претходните рации беа запленети тековни сметки, автомобили и десетици луксузни часовници, а информациите беа клучни за полицијата да ги претресе осумте вили, вчера во раните утрински часови. Во 2012 година беа уапсени 39 членови на семејството Касамоника, а во 2010 година властите запленија луксузни автомобили, земјиште, недвижнини и банкарски сметки на мафијашкиот клан во вредност од 10 милиони евра.

По долги години оперирање во тајност, фамилијата Касамоника се најде во вниманието на јавноста кога на погребот на еден од нејзините донови, оркестар ја свиреше музиката на филмот „Кум“, во 2015 година.