Како САД се подготвуваа за нуклеарна апокалипса

308

Властите во САД се подготвуваа за нуклеарна апокалипса уште од времето на претседателот Хари Труман (беше на функција од 1945 до 1953 година), планирајќи водечките институции да функционираат и во случај на нуклеарна војна. Плановите се класифицирани, но бункерите, тунелите и другите објекти, од кои дел пропаднаа, остануваат докази за подготовките кои траеја со години.