Како поделената Америка го следеше гласањето за импичмент

367

Доналд Трамп стана третиот претседател во историјата на САД чие отповикување беше изгласано од мнозинството во Претставничкиот дом на Конгресот, откако конгресмените ја поддржаа иницијативата на демократите за негов импичмент поради злоупотреба на положбата и непочитувањето на Конгресот. Гласањето за злоупотребата на службената положба од страна на Трамп, беше подржано од сите 230 демократи во долниот дом на Конгресот, додека 197 републиканци беа против. Потоа се гласаше и за другата точка од иницијативата-опструкција на Конгресот. Во меѓувреме, Трамп одржа митинг во сојузната држава Мичиген каде што истакна дека „лудите демократи на Ненси Пелоси се обележаа со вечен жиг на срамот“. Низ Америка беа организирани повеќе протести на поддржувачи, како и на противниците на Трамп.