Транснистрија – земјата што не постои

544

Мало парче земја на источната граница на Молдавија со Украина се оддели од матичната држава, прогласувајќи независност по падот на Советскиот Сојуз во 1990 година. Потоа следеше четиримесечна војна со околу 700 жртви, по која Молдавија не се меша во внатрешните работи на регионот познат како Транснистрија, или Приднестровие, но и натаму не ја признава неговата независност (не е признаена од ниту една држава). Тоа, сепак, не ја спречува Транснистрија (има 642 илјади жители и површина од 4.163 квадратни километри) да биде уредена како претседателска република и да има свој устав.