Животот на Дивиот Запад претставен преку фотографии стари повеќе од 130 години

134

Досега невидени фотографии на кои е претставен животот во Дивиот Запад се појавија на Интернет по 130 години откако биле направени. Фотографиите потекнуваат од 1880-тите години и биле направени на териториите на сојузната држава Колорадо и Њу Мексико.На нив главно е претставен животот и секојдневието на фармите, а се претпоставува дека можат да достигнат цена од 500 фунти на аукција што е закажана на 21 јуни месецов.