Ексклузивен поглед на обидите за обнова на Богородичната црква

102

Речиси три месеци откако пожар ја оштети Богородичната црква во Париз, главниот архитект задолжен за обновувањето и реконструкцијата изјави дека сѐ уште постои ризик од рушење на столбовите и опасност тие да предизвикаат дополнителни  структурни оштетувања.

– Постои ризик дека столбовите можат да паднат и да предизвикаат дополнителна штета. Не можеме да знаеме каква е состојбата, бидејќи не сме во можност да се качиме горе и да провериме – вели главниот архитект Филип Вилнев за време на ексклузивната тура низ катедралата одржана за весникот „Тајм“.