Децата се вратија во градинките

205
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Родителите утринава ги носеа своите деца во градинките по денешното отворање, при што уште на влезот мораа да испочитуваат дел од превентивните мерки од протоколот за работа на установите.

Вработените им мереа температура, сите носеа заштитни маски, а на градинките беа истакнати и прописите кои треба да се почитуваат, како што може да се забележи на фотографиите на Маја Јаневска-Илиева.