Гламур, екстраваганција и верски мотиви на црвениот килим на „Мет гала“

1571

Бројни ѕвезди од светот на модата, филмот и на музиката се појавија на црвениот килим на „Мет гала“, синоќа во Њујорк.

Голем дел од модните креации беа во знакот на верските мотиви, инспирирани од тематиката на годинашниот настан насловен „Божествени тела: Модата и католичката имагинација“.

„Мет гала“ е престижен добротворен настан организиран од Институтот за костимографија на њујоршкиот музеј „Метрополитен“.