Врзување крај со крај во најголемиот бегалски камп во светот

240

Бегалците сместени во кампот „Биди биди“ во северна Уганда постојано смислуваат нови начини за заработка. Луѓето во кампот се занимаваат со разни занаети (кои ги изучуваат на курсеви во кампот), како што се фризерството, градежништвото и поправката на автомобили. Други, пак, имаат приходи од продажбата на импровизираниот пазар во близина, каде што се нудат храна и облека. Музички талентираните свират инструменти, а во „Биди биди“ има и своевиден „техно клуб“ каде што се организираат забави. Во кампот престојуваат над 270 илјади луѓе.