Борбата на Хонгконг за зачувување на сјајот на неонските знаци

101

Неонските светлечки знаци, по кои Хонгконг е препознатлив, се загрозени поради новите прописи и модерната технологија, но организациите што се занимаваат со одржување на културното наследство се борат за нивно зачувување.

Неонските знаци станаа популарни во Хонгконг како средство за маркетинг во 50-те години на минатиот век, но појавата на поекономичните лед-светилки, затворањето на старите бизниси и прописите за контрола на надворешноста на објектите, придонесоа за нивно исчезнување од тамошните улици.

Повеќе здруженија се борат за зачувување на преостанатите знаци, откако нивниот број се намали за 90 отсто во последните 20 години, според податоците на магазинот „Ситилајф“.