Ексклузивна фотогалерија: Благодатниот оган пристигна во Скопје

3712
Фото: Ненад Андонов

Црковна делегација предводена од поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан, на скопскиот аеродром го презеде Благодатниот оган, што со авион во земјава пристигна од Ерусалим, преку Софија.

Благодатниот оган од Софија го донесе владиката Иларион од Брегалничката епархија.

Оганот, што се носи во фенер, од скопскиот аеродром ќе биде пренесен во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје, а потоа и во другите епархии и храмови низ државата.