Бесот на Чиле не стивнува

107

Чилеанците порачаа дека ќе продолжат со уличните протести кои траат веќе еден месец, се додека власта не ги исполни барањата за подобрување на условите за живот и на системот на управување, и покрај направените отстапки и најавите за менување на уставот.

Повод за протестите беше одлуката на панелот за јавен превоз на Чиле за покачување на цената на билетите за метро во најфреквентниот период од денот во Сантијаго за 30 пезоси (четири американски центи) на 830 пезоси, поради цената на дизелот и силниот долар. Првиот знак на отпор беше масовно неплаќање на билет за превоз што одеднаш прерасна во насилство. 

Но, Чилеанците не се гневни само поради високата цена на јавниот превоз. Тие плаќаат високи здравствени придонеси, а чекаат многу долго за преглед кај доктор. Државното образование е многу лошо. Ниски се пензиите со кои управуваат приватни фирми во систем формиран од страна на режимот на Пиноче. Зголемената нееднаквост во приходите уште повеќе го поттикнува гневот. Во 2017 година, приходите на најбогатите 10 отсто од домаќинствата беа за 39,1 отсто повисоки од оние на најниските слоеви, според едно истражување на министерството за социјален развој. Тоа е зголемување за 30,8 пати од 2006 година. Половина од Чилеанците заработуваат помалку од 400.000 пезоси месечно (495 евра месечно).