Амбасадорите Бејли, Гарет и Пломп го чистеа кејот покрај Вардар

2604
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Под мотото „Исчисти, Твитни“ денеска се одржа волонтерска еко-акција за чистење на кејот покрај Вардар, со која беа опфатени патеките и бреговите од двете страни на реката во централното градско подрачје на Скопје.

Во акцијата учествуваа и британскиот амабасадор Чарлс Гарет, амбасадорот на САД Џес Бејли, како и холандскиот амбасадор Вилем Ваутер Пломп, со нивните тимови.

Ова е трета по ред волонтерска еко-акција од ваков карактер. Во претходните две акции беа исчистени брегот и водите на езерото Матка, како и кејот на реката Вардар.