Дејвид Датуна, американски уметник со грузиско потекло кој за време на изложба во Мајами реши да го изеде модерното уметничко дело „Комедијант“ на Маурицио Кателан, со што ги шокираше посетителите во Арт Базел, Мајами, објасни зошто го направил тоа за време на изложбата.

– Одлучив да го направам тоа утрото пред да отидам на изложбата. Но, не бев толку гладен кога пристигнав, па затоа поминав два часа таму. Можев да ја изедам бананата многу порано. Имам голема почит кон уметникот. Знае да се забавува. Го почитувам неговиот концепт. Имаше добар вкус – вели Датуна.

Бананата залепена на ѕид, наречена „Комедијант“ од италијанскиот уметник Маурицио Кателан, е продадена во два примерока кои имаат вредност од 120.000 долари. Портпаролката на Каталан во понеделникот изјави дека уметникот нема да поднесе никакви кривилни пријави против Датуна.