Тејлор Свифт освои рекордни шест признанија

Тејлор Свифт, Били Ејлиш и Лил Нас Екс ги освоија главните признанија на доделувањето на Американските музички награди кое се одржа ноќеска во Лос Анџелес.

Свифт стигна до рекордни шест награди и беше прогласена за изведувач на годината, како и на деценијата. Ејлиш го доби признанието за најдобар нов изведувач, како и за алтернативен изведувач. Лил Нас Екс стигна до наградата за најдобра песна во рап/хип-хоп конкуренција.

Забележителни настапи имаа Тејлор Свифт, Селена Гомез, Камила Кабелјо и Шон Мендез, Лизо, Тони Брекстон, Шанаја Твејн, Тревис Скот и Пост Мелоун.