Кинезите кршат пластични кукли, шишиња, стари телевизори и разни други предмети, во т.н. „соби за гнев“, со цел да се ослободат од стресот, преку новиот тренд што го зафати главниот кинески град Пекинг.

Клиентите на „Смеш“ уништуваат околу 15 илјади шишиња месечно со помош на бејзбол-палки или чекани, носејќи заштитна опрема. Околу 600 луѓе месечно се решаваат да го применат ваквиот метод за справување со стресот, по отварањето на невообичаениот бизнис во Пекинг, во септември минатата година.