Мигрантите од караванот што се движи од Средна Америка кон САД стигнаа до Тихуана, каде што се притиснати од двете страни на мексиканско-американската граница. Американската војска распоредена на границата го спречува нивното влегување во САД, додека жителите на Тихуана отворено им порачуваат на мигрантите оти не се добредојдени во нивниот град.