Синоќа се случи отворањето на Светското Првенство во фудбал 2018 на стадионот Лужники во Москва, Русија, тоа беше причина за прослава низ целиот свет.

На свеченото отворање настапи Роби Вилијамс со три негови хитови. За настапот пејачот изјави дека му е вистинска чест и задоволство што е дел од едно вакво незаборавно шоу и е навистина среќен што настапи пред 80.000 фанови на стадионот и милиони и милиони пред ТВ екраните ширум светот.