Мачорот по име Смаџ стана популарен на Интернет освојувајќи ја титулата „Меме на 2019 година“ (меме е потсмешлива фотографија – н.з.), благодарение на неговиот израз додека со одбивност гледа во чинија со салата. На фотографијата, на Смаџ му се заканува жена која никогаш не ја сретнал, со што главните јунаци на мемето си одговараат совршено еден покрај друг.

– Смаџ обично е навикнат да седи со нас на масата додека јадеме. Тој скокна на стол на кој претходно седеше еден наш гостин и се најде пред чинија со спанаќ. Неговиот збунет израз беше олицетворение на неговите чувства во тој момент – вели неговата сопственичка Миранда Стилабоуер.

Жената лево од Смаџ е Тејлор Армстронг, актерка во реалното шоу „Вистински домаќинки од Беверли Хилс“ од 2011 година, во сцена која е потресителна за неа поради разводот со сопругот и подоцна, неговото самоубиство. Така, лицето на Смаџ и она на Тејлор си одговараат совршено, бидејќи мачето изгледа збунето додека Тејлор го обвинува, со солзи во очите.

Фотографијата беше споделена во 2018 година на социјалната мрежа Тамблр со наслов „Тој не сака зеленчук“. Една година подоцна, фотографијата на Смаџ го преплави Интернет, претворајќи го во популарното меме споделено околу 79.000 пати за само два месеца.

Мемето на Смаџ му донесе над 1,4 милиони следбеници на Инстаграм, а тој исто така има и Фејсбук група со 23.000 членови. Неговата сопственичка Миранда стапила во контакт со Армстронг, откривајќи дека во иднина е можна средба во која ќе се обидат да го рекреираат популарното меме.