Разбеснет бик прегази жител на Сан Франциско, нанесувајќи му сериозни повреди на вратот, за време на првото трчање со биковите годинава на фестивалот Сан Фермин во Памплона, настан овековечен од писателот Ернест Хемингвеј пред речиси еден век.

Станува збор за Џејми Алварез (46), кој итно бил пренесен во регионалната болница каде што бил опериран. Тој бил прегазен додека се обидувал да направи селфи-фотографија.

– Радоста и возбудата да се биде во толпата набрзо се претвори во страв, во вистински страв за мојот живот – изјавил Алварез синоќа.