Повеќе лица се повредени во немирите на улиците на Каракас, каде што опозицискиот водач Хуан Гуаидо излезе со група вооружени војници во обид за симнување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од власта.

Одметнатите војници кои му се придружија на Гуаидо носат сини ленти на рацете. 

Во вчерашните немири во кои беше употребен солзавец, повредени се најмалку 69 лица, од кои двајца се здобиле со прострелни рани, пренесе „Би-би-си“, додека според „Ројтерс“ повредени се 100 луѓе.