Бројни посетители беа дел од традиционалниот фестивал на балони на топол воздух што се одржува во Бристол, Велика Британија, наречен „Бристол балун фиеста“. Меѓу интересните креации што зедоа учество на фестивалот, вниманието го привлече балонот со ликот на Дарт Вејдер од познатиот филмски серијал „Војна на ѕвездите“.