Грција бара меѓународна помош во гаснењето на пожарите, поради кои прогласи вонредна состојба во областа Атика, во поширокиот регион на Атина. Едно лице го загубило животот во пожарите во источниот дел на областа Атика, 25 лица се повредени и пренесени во болница, од кои шест се во сериозна состојба. Дел од граѓаните се упатиле кон плажите за да избегаат од огнената стихија, а единствен начин да се евакуираат е по воден пат.