Маорите се домородно население на Нов Зеланд. Тие се спиритуален народ со богата и горда традиција. Нивната култура е препознатлива по карактеристичните куќи за меѓусебно среќавање, ткаењето, изработката на кануа и накит.

Најкарактеристичен белег на нивната култура се поздравот познат како „хонги“, кој се состои од допирање на носевите и челата, традиционалниот воинствен танц „хака“, како и тетоважите познати како „моко“. Традиционалното тетовирањето се изведува со остри коски и длета, а процесот е многу болен и долг.