Кениските безбедносни сили ги убиле четворицата терористи кои упаднаа во хотел и во канцелариски комплекс во Најроби, со што заврши операцијата во главниот град на Кенија, соопшти претседателот на африканската држава, Ухуру Кенијата, пренесува „Гардијан“. Во терористичкиот напад загинаа 14 цивили, додека повеќе од 700 луѓе беа евакуирани на безбедно. Упадот на терористите почна вчера попладне со експлозија на паркинг и со самоубиствен бомбашки напад во фоајето на хотелот, според полицијата. Милитантната организација Ал Шабаб, со седиште во соседната Сомалија, презема одговорност за нападот.