Уникатната интерпретација на декларацијата за независност од страна на американскиот претседател Доналд Трамп целосно дојде до израз синоќа кога тој изведе милитализирана и нетрадиционална парада во Вашингтон по повод прослава на американскиот Ден на независноста – 4 Јули.

Парадата наречена „Салутирање кон Америка“ имаше прелет на воени авиони, оклопни возила, како и огномет.

Трамп направи гаф спомнувајќи ја револуционерната војна на тринаесетте колонии, позната и како американска револуција. Тој зборуваше за аеродроми во 18-от век, кога тие не постоеја.

– Нашата армија беше во воздухот, беше незадржлива, ги зазема аеродромите – кажа Трамп во говорот што го читаше за време на церемонијата одржана по дождливо време.