Со ласерско шоу против апсењeто

205

Демонстрантите организираа ласерско шоу во Хонгконг во знак на протест против апсењето на студентски лидер, кој беше приведен поради поседување на ласерски покажувачи, кои полицијата ги окарактеризира како „офанзивно оружје“.

Полицијата го оправда апсењето преку демонстрирање како ласерот може да изгори весник. 

Демонстрантите синоќа се собраа пред планетариумот на Вселенскиот музеј, преправајќи се дека ја палат зградата и околните дрвја со ласери, во знак на протест.

– Вечерва се случи нешто што ни беше потребно на сите. Нема солзи, нема крв, туку само смеа и танц – напиша писателот Рајан Хо Килпатрик на Твитер.