Се продава напуштен остров со тврдина за 400 илјади фунти

654

Тврдината од 19-от век Стак Рок, која се наоѓа во близина на пристанишниот град Милфорд Хевен во Велс, е понудена за продажба по цена од 400 илјади фунти.

Од аукциската куќа „Прплбрикс“ нагласуваат дека тврдината, која се продава заедно со приватниот остров на кој се наоѓа, претставува одлична можност за купување на историска градба.

Тврдината се наоѓа на островот Пемброкшир, а изградена е во 1850 година.

Таа служела за одбрана на Милфорд Хевен од евентуална инвазија на Наполеон.

Идејата за изградба на тврдината Стак Рок уште во 1539 година ја предложол Томас Кромвел.

Од аукциската куќа потенцираат дека на островот и во тврдината во моментот нема услови за живот, а потенцијалните купувачи треба да знаат дека по реновирање можат да се користат за домување или за комерцијални цели.