Роденденскиот одмор на Путин во Сибир

612

Рускиот претседател Владимир Путин го прославил својот 67-от роденден во дивината во Сибир, собирајќи печурки и уживајќи во планините. Путин, кој е познат како голем авантурист, заминал на одмор во Сибир во друштво на министерот за одбрана Сергеј Шогу.

На објавената снимка е прикажан Шојгу, кој додека шетал во шумата ископал корен од јагода. Путин се пошегувал дека министерот ќе ја засади јагодата во градината на неговиот летниковец, но Шојгу одговорил дека на растенијата им треба друга клима.