Музиката е лек за ушите на слоновите

208

Британецот Пол Бартон свири на пијано за спасените слонови во засолништето на границата помеѓу Тајланд и Мјанмар, во Канчанабури, во рамките на рехабилитацијата на животните. Музиката на Британецот, кој е волонтер во засолништето, ги смирува слоновите додека ја слушаат, вообичаено во текот на нивните оброци. Животните кои доаѓаат во засолништето честопати се стари, болни или претходно биле измачувани. Друштво на Бартон во текот на музичките сесии му прави неговата четиригодишна ќерка Емили.