Мис универзум: Посакувам младите девојки да се видат себеси во мене

703
Зозинбини Тунзи од Јужна Африка е Мис Универзум за 2019 година

Претставничката на Јужна Африка, Зозибини Тунзи, е победничка на изборот Мис универзум што се одржа вчера во Тајлер Пери Студиос во Атланта, САД. Таа е трета победничка на Мис универзум од Јужна Африка, по Маргарет Гардинер која победи во 1978 година и Деми-Ли Нел-Питерс во 2017 година. 

 

– Мислам дека најважното нешто што треба да го научат младите девојки денес е лидерството. Тоа е нешто што недостасува долго време кај жените. Мислам дека сме многу моќни и дека треба да ја земеме секоја можност која ќе ни се понуди. Да зафатиме повеќе простор, застанувајќи цврсто во општеството и секоја позиција во него. Посакувам младите девојки го видат моето лице и да се видат себеси во мене.
– одговори Тунзи на прашање поставено од водителот Стив Харви. 
Минатогодишната победничка на Мис универзум, Катриона Греј од Филипините,која се обрати за време на изборот, ја опиша минатата година како незаборавна и година помината во предизвикување промени и исполнување на целта. А да се биде Мис универзум помогнало нејзиниот глас да добие поголема сила додека ги правела промените.