Џанг Ѕуо, амбасадор на НР Кина во Македонија

Џанг Ѕуо, амбасадор на НР Кина во Македонија

Шестата пленарна сесија на 19-тиот Централен комитет на КЗК истакна дека Партијата ја утврдила основната позиција на другарот Си Џинпинг во Централниот комитет на партијата и во партијата како целина, и ја дефинирала водечката улога на мислата на Си Џинпинг за социјализмот со кинески карактеристики за Нова ера. Ова е од одлучувачко значење за поттикнување на историскиот процес на национално подмладување.

Со силно чувство на одговорност како лидер на голема земја, кинескиот претседател Си Џинпинг го води курсот на кинеската дипломатија, го промовира развојот и напредокот на светот, поставува низа иницијативи со големо значење, спроведува низа важни практики со водечко значење, ја формира мислата на Си Џинпинг за дипломатијата. Оваа мисла придонесува кинеската мудрост и кинеските решенија за решавање на проблемите во светот.

Прво, одржување на глобална визија и придонес за подобрување на благосостојбата на луѓето. Соочувајќи се со промените во светот и глобалните предизвици, имајќи ја предвид насоката на глобалниот развој и иднината на човештвото, претседателот Си Џинпинг направи креативна трансформација и иновативен развој на традиционалните кинески концепти и вредности, како што се „барање хармонија без униформност“, „надминување на тешкотиите во солидарноста“, „светот или земјата за сите“, „единството на човекот и природата“. Тој ја истакна визијата да се изгради заедница со заедничка иднина за човештвото и да се поттикне нов тип на меѓународни односи. Оваа визија го прошири и продлабочи концептот и практиката на мултилатерализмот во новата ера. Претседателот Си Џинпинг ја истакна кинеската визија за меѓународниот поредок и глобалното владеење, како и новите концепти за развој и безбедност, како и концептите за цивилизација, за зачувување на животната средина и за човековите права.

На самитот на КПК и светските политички партии одржан во јули 2021 година, претседателот Си Џинпинг истакна дека КЗК ќе ги преземе своите одговорности како главна политичка партија во голема земја за да даде нов придонес за подобрување на благосостојбата на човештвото. Оваа важна објава е во согласност со интересите на сите земји и нејзините луѓе и ја содржи мудроста за одржување на глобалната визија и грижа за развојот на човекот.

Кина е се поблиску до централното место. „Интересите што треба да се земат предвид треба да бидат интереси на сите“. Кога претседателот Си Џинпинг се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, тој рече дека „Сè што правиме е да бараме среќа за луѓето, подмладување за нацијата и за општото добро на светот“. Неговата забелешка ја открива одговорноста на Кина како голема земја. Под водство на претседателот Си Џинпинг, Кина ја исполни целта за искоренување на сиромаштијата утврдена во Агендата за одржлив развој за 2030 година 10 години пред предвиденото. Додека 1,4 милијарди Кинези ја завршија задачата да ја елиминираат екстремната сиромаштија за првпат во историјата, Кина исто така успеа да обезбеди различни форми на помош на повеќе од 160 земји и меѓународни организации. Кина им помага на многу земји за олеснување на долгот, нуди поддршка за образование во стручната технологија и земјоделството, со цел да им помогне на земјите во развој да ги подобрат способностите за одржлив развој и намалување на сиромаштијата. Кина секогаш е градител на светскиот мир, придонесувач за глобалниот развој, бранител на меѓународниот поредок и обезбедувач на јавни добра.

Второ, споделување на заедничката судбина и промовирање на градење заедница со заедничка иднина за човештвото. Соочувајќи се со прашањето „Што не е во ред со светот и што да правиме“, кинескиот претседател Си Џинпинг го предложи концептот за изградба на заедница со заедничка иднина за човештвото. Во 2013 година, тој зборуваше за светот „да стане заедница со заедничка иднина каде што нашите интереси се тесно испреплетени“. За време на посетата на претседателот Си на Обединетите нации во 2015 година, тој истакна дека „заеднички работиме за создавање ново партнерство за соработка меѓу двете страни и создавање заедница на заедничка иднина за човештвото“. Во 2017 година, кога ја посети канцеларијата на Обединетите нации во Женева, тој зборуваше за изградба на отворен, инклузивен, чист и убав свет кој ужива траен мир, универзална безбедност и заеднички просперитет. Во 2020 година, тој го предложи концептот за градење глобална заедница на здравје за сите. Во 2021 година, во својот говор на Генералната дебата на 76-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, тој за прв пат го предложи концептот за градење на глобална заедница на развој со заедничка иднина. Овие иницијативи одговараат на прашањето „Каков свет ќе изградиме и како да го изградиме тој свет“.

Соочувајќи се со фактот дека светот влезе во нов турбулентен период на промени, претседателот Си Џинпинг истакна дека кинескиот народ отсекогаш ги сметал овие верувања: „Сите луѓе под небото се од едно семејство“, ние отсекогаш сме се стремеле да создадеме подобар свет во кој „се следи праведна кауза за општо добро“. Тој истакна дека воспоставувањето фер и правичен меѓународен поредок е целта што ја следи човештвото уште од модерното време. И тој работеше напорно за да го промовира градењето на заедница со заедничка иднина на човештвото во глобален консензус. При големи посети и други важни меѓународни прилики, претседателот Си Џинпинг предложи иницијативи на различни нивоа. На регионално ниво, тој предложи иницијативи за градење заедница со заедничка иднина со соседите на Кина, градење заедница со заедничка иднина за Азија, градење на азиско-пацифичка заедница со заедничка иднина. На ниво на глобално владеење, тој предложи иницијативи за градење заедница со заедничка иднина во сајбер просторот, градење заедница на заедничка иднина за нуклеарна безбедност, градење поморска заедница со заедничка иднина.

Под комбинираното влијание на светските промени од размери невидени во текот на еден век и глобалната пандемија на корона вирусот, претседателот Си Џинпинг истакна дека „На патот кон благосостојбата на целото човештво, ниту една земја или нација не треба да се остави зад себе“. „Само кога земјите се развиваат заедно, може да има вистински развој; само кога земјите напредуваат заедно, може да има вистински просперитет“. Иницијативата за градење заедница со заедничка иднина на човештвото се развива и се подобрува, водејќи ја насоката за идниот развој на светот и човештвото.

Трето, остварување вин-вин соработка и градење нов тип меѓународни односи. Соочен со тоа како да се истражи нов пат на интеракција меѓу државата, важно прашање во историјата на современите меѓународни односи, претседателот Си Џинпинг предложи изградба на нов тип меѓународни односи со взаемно почитување, праведност, правда и победничка соработка, отворајќи го патот за градење заедница со заедничка иднина за човештвото. Соочени со многуте предизвици за човековиот развој во процесот на глобализација, претседателот Си Џинпинг на отворањето на Годишниот состанок на Светскиот економски форум 2017 година истакна дека „Медени дињи висат на горчливи лози, слатките урми растат на дрво со трње“ во филозофска смисла, ништо не е совршено во светот. Човек не би ја видел целосната слика ако тврди дека нешто е совршено поради неговите заслуги или ако гледа на нештата како бескорисни само поради нивните дефекти. Додека силно се залагаше за мултилатерализам, претседателот Си Џинпинг активно негуваше нов тип меѓународни односи, проширувајќи ја конвергенцијата (збилжувањето) на интересите и цртајки најголеми концентрични кругови.

Наспроти позадината на еволуирачкиот меѓународен модел, претседателот Си Џинпинг нагласи дека оние кои ги негуваат истите идеали и го следат истиот пат можат да бидат партнери, а исто така можат и оние кои бараат заеднички јазик додека ги задржуваат разликите. Тој се обврза на победнички пристап наместо нулта состоба на пристап за односите меѓу државата. Кина е првата земја која градењето партнерство го направи принцип кој ги води односите меѓу државата, што е важен чекор напред во концептот на современи меѓународни односи. Кина стекнува пријатели во меѓународната заедница, воспоставувајќи различни партнерства со 108 земји и 4 меѓународни организации. На 16 ноември 2021 година, претседателот Си Џинпинг на виртуелна средба со американскиот претседател Џо Бајден рече дека „Најважниот настан во меѓународните односи во наредните 50 години ќе биде Кина и САД да го најдат вистинскиот начин да се сложуваат“. Кина развива глобални партнерства, инсистирајќи на врската на заедничките интереси и принципот на победничка соработка, се залага за партнерство без сојуз, дијалог без конфронтација и се спротивставува на односот господар-подреден, идеолошки табори и мали кругови. На овој начин Кина истражи нов пат на интеракција помеѓу државите.

Четврто, поддржување на отвореноста и инклузивноста и почитување на заедничките вредности на хуманоста. Како одговор на „Новата студена војна“ и порастот на идеолошката конфронтација, претседателот Си Џинпинг прв ги предложи заедничките вредности на човештвото, кои се мир, развој, правичност, правда, демократија и слобода на 70-то Генерално собрание на ОН во 2015 година, застапувајќи обезбедување на вистинските идеи кои ќе нè наведат да изградиме подобар свет заедно. Како што истакна претседателот Си Џинпинг на дијалогот „Давос агенда“ на Светскиот економски форум во 2021 година, „Нема две листови во светот идентични, ниту една историја, култура или општествени системи не се исти. Секоја земја е единствена со своја историја, култура и социјален систем, и ниту една не е супериорна над другата. Најдобрите критериуми се дали историјата, културата и општествениот систем на една земја одговараат на нејзината конкретна ситуација, дали ја уживаат поддршката на луѓето, служат за обезбедување политичка стабилност, социјален напредок и подобар живот и придонесуваат за напредокот на човекот. „Не постои најдобар демократски модел во светот и треба да се дозволи да процветаат различни форми на демократија.

Различноста е шармот на човековата цивилизација. На 6 јули 2021 година, на самитот на КПК и светските политички партии, обраќајќи им се на лидерите на политичките партии и организации и на преку 10.000 претставници на политичките партии и сите сфери на животот од повеќе од 160 земји, претседателот Си Џинпинг се заложи дека „треба да се залагаме за заедничките вредности на човештвото, поттикнуваат широкоградна толеранција кон разбирањето на вредностите од различни цивилизации и почитување на истражувањата на различни народи за да се претворат вредностите во реалност. Со тоа, заедничките вредности на човештвото ќе бидат преточени во практиката на поединечните земји да им служат на интересите на сопствениот народ на конкретен и реален начин“. Заедничките вредности на човештвото имаат широко и далекусежно светско влијание. Неколку земји се во издлабен демократски хаос, каде што нивниот народ станува сè понезадоволен. Но, овие земји безобразно ги наметнуваат своите таканаречени демократски модели на другите земји, предизвикувајќи длабоки катастрофи на засегнатите земји и луѓе. Кинескиот народ има висок степен на самодоверба во својот политички систем. Фундаменталната причина е што народната демократија во Кина има високо ниво на демократија и е добро прифатена од кинескиот народ.

Петто, се прават заеднички напори за изградба на отворена светска економија. Соочувајќи се со забавување на светската економија, како и со значителна нестабилност и неизвесност, претседателот Си Џинпинг на Самитот на лидери на Г20 во 2013 година истакна дека „еден цвет не ја прави пролетта додека сто цвеќиња во полн цут ја носат пролетта во градината. Државите ќе напредуваат ако нивните економии се отворени и обратно, ќе бележат назадување ако нивните економии се затворени“. Епидемијата на ковид-19 донесе повеќе кризи во светот, особено во земјите во развој, каде што вкупниот број на гладни луѓе достигна околу 800 милиони, а спроведувањето на Агендата за одржлив развој до 2030 година се соочува со невидени предизвици. Претседателот Си Џинпинг на 16-тиот лидерски самит на Г20 нагласи дека „мора да се заземе пристап насочен кон луѓето и да се направи глобалниот развој поправеден, поефективен и поинклузивен, така што ниту една земја нема да биде изоставена. Претседателот Џинпинг се залага за тоа развојот да добие истакната позиција во рамката на глобалната макрополитика , а глобалниот развој да се насочи кон нова фаза со рамнотежа, координација и инклузивност.

Придржувајќи се до концептот „фокусирани луѓе“, претседателот Си Џинпинг историски ја предложи главната иницијатива за заедничко градење „Појас и пат“ во 2013 година чија иницијативата привлече учество на 141 земја и 32 меѓународни организации, вклучително и 19 агенции на Обединетите нации, со што стана популарен меѓународен јавен производ и важна практична платформа за градење заедница со заедничка иднина за човештвото.

Претседателот Си Џинпинг истакна дека Кина ќе продолжи да ја отвора својата врата пошироко, со фокус на институционалното отворање кое ги опфаќа правилата, регулативите, управувањето и стандардите. Ќе продолжиме со нашите напори да поттикнеме деловно опкружување кое се заснова на пазарни принципи, регулирано со закон и според меѓународните стандарди на Самитот Кина-ЦИЕ во февруари оваа година. Под водство на претседателот Си Џинпинг, Кина тргна на ново патување за изградба на модерна земја на сеопфатен начин. Во новата ера, Кина непоколебливо ќе ја следи стратегијата за отворање и ќе поттикне нова развојна парадигма за промовирање на меѓународната соработка. Кина го заврши процесот на ратификација на Регионално сеопфатно економско партнерство (RCEP) и поднесе барање за приклучување кон Сеопфатното и прогресивно транспацифичко партнерство (CPTPP). Кина ќе го спроведе консензусот за соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа и ќе промовира висококвалитетна заедничка изградба на иницијативата „Појас и пат“.

Шесто, преземање одговорност и водечка реформа на глобалниот систем на управување. Соочувајќи се со распространетоста на унилатерализмот, популизмот и протекционизмот, постои итна потреба да се зајакне изградбата и реформите на глобалниот систем на управување. Претседателот Си Џинпинг истакна дека проблемите во светот се сложени, а излезот е да се одржи и практикува мултилатерализмот и да се промовира изградбата на заедница со заедничка иднина за човештвото. Како одговор на „меѓународниот поредок заснован на правила“ проповедан од неколку земји, претседателот Си Џинпинг инсистираше на тоа дека сите земји се еднакви без разлика на големината, силата и богатството и треба цврсто да го чуваат меѓународниот систем со ОН во неговото јадро и меѓународен поредок заснован на меѓународното право. Соочувајќи се со комплицираната и тешка ситуација предизвикана од пандемијата ковид-19, претседателот Си Џинпинг присуствуваше на серија важни меѓународни конференции, залагајќи се за напорите за стабилизирање на меѓународниот поредок и зајакнување на застапеноста и гласот на огромниот број земји во развој во меѓународните работи. Треба да ја промовираме безбедноста, развојот и човековите права на балансиран начин и сите страни треба да ја исполнат својата заложба за мултилатерализам.

Кина ја игра улогата на одговорна голема земја и активно учествува во реформата на глобалниот систем на управување. Кина нема намера да воспостави друг глобален систем на управување или да воспостави таканаречен паралелен свет, туку да ги надополнува и подобри современите мултилатерални механизми. Кина е основачка членка на Обединетите нации и постојана членка на Советот за безбедност. Таа е првата земја што ја потпиша Повелбата на ОН и се приклучи на речиси сите универзални меѓувладини меѓународни организации и учествуваше во повеќе од 600 меѓународни конвенции и амандмани. Фокусирајќи се на прилагодувањето и еволуцијата на меѓународниот поредок во пост-епидемиската ера, Кина длабоко се вклучи во меѓународна соработка на полето на јавното здравје, климатските промени, сајбер безбедноста итн. Кина го формираше Фондот за мир и развој на Кина и Обединетите нации , Фондот за помош за соработка „Југ-Југ“ и Институтот за соработка и развој „Југ-Југ“. Активно учествува во меѓународната соработка за реформата на глобалното управување со климатските промени и активно се вклучува во водењето на реформите на глобалниот систем на управување со одговорен став и изјавува дека ќе се стреми да го достигне врвот на емисиите на јаглерод диоксид до 2030 година и да постигне јаглеродна неутралност до 2060 година. Кина е активен учесник, промотор и лидер во процесот на правичност и правда.

Седмо, одржување на ветувањата и непоколебливо промовирање на мирен развој. Соочен со војни и превирања низ светот, како и со сенката на хегемонизмот и политиката на моќ, претседателот Си Џинпинг истакна дека „Треба да се носиме со времето и не може да се живее во 21 век со застарено размислување од Студената војна и стоење нулта состојба“. Претседателот Си Џинпинг истакна дека треба да има различни форми на цивилизација и различни патишта до модернизација во светот во мирен развој. Кога претседателот Си Џинпинг го посети музејот на Акропол во ноември 2019 година, тој застана пред релјефот на „Атена што медитира“ и рече дека „размислува за значењето на војната“. Претседателот Си Џинпинг сподели кинеска алузија со тогашниот претседател на Грција Павлопулос, а тоа е „Храброста лежи во прекинот на непријателствата“. Мирот не е само вредносна ориентација на кинеската традиционална култура, туку и заедничка потрага на луѓето ширум светот. Претседателот Си Џинпинг се залага за опстојување на дијалогот без конфронтација, толеранција без ексклузивност и принципот на немешање во внатрешните работи, за да се промовира мирен соживот и заеднички развој на сите земји.

Соочувајќи се со различни теории како што се „земјата е обврзана да бара хегемонија кога ќе порасне во сила“ и „кинеска закана“, претседателот Си Џинпинг на 16-тиот Самит на лидерите на Г20 во 2021 година истакна: „Како што забележа еден древен кинески филозоф – Оној што има кредибилитет го поврзува светот. Со други зборови, кредибилитетот е основа за интеракции со светот“. Кина се придржува до стратешкиот избор за мирен развој и истражува пат на мирен развој кој се разликува од подемот на традиционалните сили . На комеморацијата на 50-годишнината од дипломатските односи меѓу Кина и Франција, претседателот Си Џинпинг ја цитираше познатата „Теорија на заспаниот лав“ на Наполеон, „Кина е заспан лав, а кога ќе се разбуди, светот ќе се потресе. Лавот Кина веќе се разбуди, но ова е мирен, пријатен и цивилизиран лав“. Овие забелешки повлекуваат уникатен начин на размислување и длабоки филозофски мисли и отелотворуваат длабока мудрост и величественост.

Шестата пленарна сесија на 19-тиот Централен комитет на Комунистичката партија на Кина ги разгледа главните достигнувања и историското искуство на партијата во изминатиот век. Партијата размислуваше за иднината на човештвото со глобална визија. Ова и овозможи на Партијата да застане на вистинската страна на историјата и човечкиот напредок. Под силно водство на Централниот комитет на партијата со другарот Си Џинпинг во неговото јадро, Кина цврсто ќе го следи патот на социјализмот со кинески карактеристики, истовремено почитувајќи ги патеките за развој што ги избраа луѓето од сите земји. Кинеската мудрост на главната земја дипломатија на Си Џинпинг сигурно ќе ја наведе Кина да застане цврсто на вистинската страна на историјата и човечкиот напредок. Кина ќе работи заедно со другите земји за да се придвижи напред кон светла иднина за градење заедница со заедничка иднина за човештвото.