Општествено трансформативните инвестиции во време на пандемија

Пандемијата на ковид-19 ќе има опасни, далекосежни последици и натаму во иднина, особено ако ги наруши неодамнешните подобрувања во историски слабите здравствени системи на многу земји. За да го избегнеме тој исход, треба итно да реагираме не само во „заштита на сиромашните“ во време на криза. Повремените донации не се доволни. Сега е време да се започне со отстранување на структурните и на системските бариери, кои долго време стоеја на патот на постојани подобрувања во светското здравство. По светските вонредни состојби, меѓународната заедница има тенденција секогаш да се навраќа на „деловната корист“, наместо да се подготвува за идните катастрофи. Бидејќи политичарите се фокусираат само на гаснење на жариштата, наместо да ги решат проблемите во корен, се чини дека никогаш не е добро време за заштита и олеснување на проблемите.

Сепак, пандемијата покажа дека ефикасен и ефективен одговор за заштита на здравјето на луѓето бара повеќе од функционален здравствен систем. Исто така бара пошироки „системи за здравје“, кои ги опфаќаат сите сектори што влијаат на јавното здравство, како производството, храната, транспортот и урбаниот развој. Додека повеќето од оние што работат во овие сектори не би се идентификувале како „здравствени работници“, тие сепак играат клучна улога во давањето добри здравствени исходи.

Бруто-финансирањето на системите за здравствена заштита во развиените и во земјите во развој, исто така, создаде критични недостатоци што ги изложи сега пандемијата. Немањето здравствено осигурување за милиони најранливи Американци претставува закана за јавното здравство уште пред појавата на ковид-19. Слично на тоа, недоволното инвестирање во јавните здравствени системи низ супсахарска Африка, Јужна Азија и други региони покажа дека милиони луѓе се ранливи во случај на криза. Пандемијата ја истакна потребата сите општества да обезбедат универзален пристап до висококвалитетна здравствена заштита без да ризикуваат финансиска катастрофа. Тоа покажува дека веќе не можеме да ги игнорираме долгогодишните класни бариери што само на богатите им овозможуваат да добиваат најдобри услови.
Пандемијата исто така даде можност да размислиме за тоа како ги спроведуваме ние иновациите и реформите во рамките на неуспешните системи.

Ова бара светскиот економски систем да ги прошири ограничените дефиниции за иновациите за да го прифати (честопати невидливото) знаење на јужната хемисфера, почнувајќи од стратегиите воведени во Сингапур, Јужна Кореја, Кина, Израел и Јужна Африка за спречување на ширењето на вирусот, како и плановите за масовно тестирање на населението и следењето на контактите. Со интегрирање на експертизата од земји што претходно се справувале со смртоносни епидемии на ебола, САРС, МЕРС и ласа-треската, можеме да развиеме поиновативни стратегии на светско ниво.

Со оглед на драматичното намалување на трговијата и економската активност, постои добра причина да се очекува дека многу малопродажни работни места трајно ќе бидат изгубени и дека ќе се зголеми бројот на работни места за испорака. Големото економско нарушување што веќе е во тек, ќе остави десетици милиони луѓе во очајна состојба што дополнително може да ги усложни напорите за контрола на вирусот. Поради тоа, заедницата што инвестира во општествени влијанија има единствена можност и клучна улога.
Бидејќи нивниот примарен фокус е на максимизирање на приносите приспособени на ризикот, традиционалните инвеститори веројатно нема да распоредат финансии во областите на кои им се сега најпотребни. Но општествено трансформативните инвестиции можат да ги распоредат потребните средства за да донесат поразлични иноватори во здравствените и сличните сектори.

Пандемијата треба да ги мотивира оние што се надвор од заедницата на општествено трансформативни инвестиции за да се преиспитаат како се мобилизира и распоредува финансискиот капитал. Во интерес на сите е да се поттикне напредок кон универзален пристап до висококвалитетна здравствена заштита на светско ниво, затоа што, во крајна линија, здравството го поддржува секој аспект на општеството, вклучувајќи ја и економијата.
Покрај решавање на итната здравствена состојба, ковид-19 исто така бара да се фокусираме на долгорочни решенија. Не смее повеќе само да се гледа деловната корист од некакво прашање во минатото.

Треба да започнеме со градење големи, инклузивни системи што ги опфаќаат сите општествени детерминанти на заразните и хроничните заболувања, кои ќе продолжат да ги мачат најсиромашните и најмаргинализираните заедници низ светот. Наместо да бараат утеха во идејата дека ја „штитат Африка“ или „ги штитат сиромашните“, институциите за финансиски развој, инвеститорите во општествени влијанија и билатералните финансиери треба да ги прошират своите цели. Добро место за почеток е светското јавно здравје. Додека ги погребуваме и тагуваме по починатите, не треба да даваме празни ветувања, туку да ги искористиме ресурсите за во иднина да не нè прогонуваат нас и идните генерации истите грешки и недостатоци.

Авторката е висока клиничка истражувачка за јавно здравје и епидемиологија на универзитетот „Кембриџ“ и почесна професорка на Универзитетот во Кејп Таун