Новата информациска револуција

Честопати се вели дека сме сведоци на информациската револуција. Но што значи тоа и каде ќе нè одведе револуцијата?
Информациските револуции не се нови. Во 1439 година, првата печатница на Јохан Гутенберг ја почна ерата на масовна комуникација. Нашата актуелна револуција, која почна во Силициумската долина во 1960-тите, е врзана со Муровиот закон, односно бројот на транзистори на компјутерскиот чип двојно се зголемува на неколку години.
До почетокот на 21 век, компјутерската моќ чинеше една илјадинка од она што чинеше во почетокот на 1970-тите. Сега Интернет поврзува речиси сè. Во средината на 1993 година имаше околу 130 портали во светот. До 2000 година таа бројка надминуваше 15 милиони. Денес над 3,5 милијарди луѓе се онлајн, а експертите предвидуваат дека до 2020 година, „Интернет на нештата“ ќе поврзува 20 милијарди уреди. Нашата информациска револуција сè уште е нова.

Клучната карактеристика на актуелната револуција не е брзината на комуникациите. Брзата комуникација со помош на телеграфот датира уште од средината на 19 век. Клучната промена е во огромното намалување на цената на преносот и чувањето на информациите. Ако цената на автомобилите нагло опаднеше како цената на компјутерската моќ, тогаш денес би можело да се купи автомобил за иста цена колку еден евтин ручек. Кога цената на технологијата паѓа толку нагло, таа станува широко достапна и паѓаат царините за увоз. Од сите практични причини, количеството информации што може да се пренесуваат во светот е речиси неограничено. Цената на складирање на информациите исто така драстично опадна, што ја овозможи нашата актуелна ера на големи податоци. Информациите што некогаш се чуваа во магацини, сега ги собира во џебот на кошулата.

Во средината на 20 век, луѓето стравуваа дека компјутерите и комуникациите од актуелната информациска револуција ќе доведат до еден вид централизирана контрола што се споменуваше во дистопискиот роман „1984“ на Џорџ Орвел. „Големиот брат“ ќе нè следи сите од централниот компјутер, а автономијата на поединецот ќе стане безначајна.
Наместо тоа, како што се намалуваше цената на компјутерската моќ и наедно компјутерите станаа колку паметни телефони, часовниците и другите преносни уреди, нивните децентрализирани ефекти ги дополнија нивните централизирани ефекти, овозможувајќи врсничка комуникација и мобилизација на нови групи. Сепак, иронично е што ваквиот технолошки тренд исто така има децентрализиран надзор. Милијарди луѓе денес доброволно носат уред за следење што постојано ја нарушува нивната приватност додека пребарува телекомуникациски предаватели. „Големиот брат“ почнавме да го носиме во нашиот џеб.

Исто така, сеприсутните социјални медиуми создаваат нови транснационални групи, но исто така создаваат можности за манипулација од страна на владите и од другите. Фејсбук поврзува над две милијарди луѓе, а како што покажа руското мешање во американските претседателски избори од 2016 година, ваквите врски и групи можат да се искористат за политички цели. Европа се обиде да воведе закони за заштита на приватноста со новата регулатива за општа заштита на податоците, но сè уште не се знае дали ќе биде успешна. Во меѓувреме, Кина го комбинира надзорот со развојот на ранг-листи со социјални кредити што ја ограничуваат личната слобода како патувањето.
Информациите даваат моќ и сè повеќе луѓе имаат пристап до сè повеќе информации за добро или за лошо како никогаш досега. Таквата моќ не ја користат само владите, туку и недржавните актери, кои можат да бидат од големи корпорации и непрофитни организации до криминалци, терористи и неформалните импровизирани групи.
Ова не значи дека ќе ѝ дојде крајот на националната држава. Владите ќе останат да важат за најмоќни актери на светската сцена, но сцената стана преполна, а многу од новите играчи можат успешно да се натпреваруваат во доменот на меката моќ. Да се има моќна морнарица значи да се има важна контрола врз поморските патишта, но таа не од голема помош на Интернет. Во 19 век во Европа, големите сили се препознаваа по нивната способност да победат во војна, но како што американскиот аналитичар Џон Аркила истакна, во денешната информациска ера, победата честопати не зависи од тоа чија армија ќе победи, туку од тоа чија приказна ќе победи.

Јавната дипломатија и моќта на привлекување и убедување стануваат сè поважни, но јавната дипломатија претрпува промени. Одамна помина времето кога во неразвиените земји агентите на странските служби на филмски платна прикажуваа филмови на изолираната публика или луѓето од зад Железната завеса се собираа заедно да слушаат вести од Би-би-си на радио. Технолошките напредоци доведоа до експлозија на информации, а тоа го создаде „парадоксот на изобилството“, односно изобилството на информации што води до недостиг од внимание.
Кога луѓето се преоптоварени со количеството информациите што им се нудат, тешко се одредува на што да се насочат. Вниманието, а не информациите, станува редок ресурс. Меката моќ на привлекување станува уште поважен ресурс отколку што беше во минатото, но исто така и жестоката моќ на информациската војна. Со тоа што угледот станува сè поважен, растат и политичките борби за создавање и за рушење на кредибилитетот. Информациите што се чини дека се пропаганда не само што ќе наидат на презир, туку и исто така можат да се покажат како контрапродуктивни ако го нарушуваат угледот на земјата.

На пример во текот на Ирачката војна, однесувањето кон затворениците во Абу Граиб и во Гвантанамо на начин што не во согласност со американските вредности предизвика хипокризија, која не може да се промени со објавувањето фотографии на муслимани што добро живеат во Америка. Слично на тоа, објавите на Твитер на претседателот Доналд Трамп, кои се покажаа како лажни, го нарушуваат американскиот кредибилитет и ја намалуваат неговата мека моќ.
Ефикасноста на јавната дипломатија се оценува според бројот на променети ставови (што се мери со анкети или со интервјуа), а не со тоа колку пари се потрошиле. Интересно е да се истакне дека анкетите и индексот „портланд“ на 30-те држави со најголема мека моќ покажуваат опаѓање на американската мека моќ откако Трамп ја презеде функцијата. Објавите на Твитер можат да помогнат да се постави светската агенда, но тие не создаваат мека моќ ако не се веродостојни.
Брзиот напредок на технологијата на вештачката интелигенција или машинското учење ги забрзуваат сите овие процеси. Роботските пораки честопати тешко се откриваат. Но останува да видиме дали кредибилитетот и хипнотизирачкиот наратив можат целосно да се автоматизираат.

Авторот е професор на „Харвард“ и автор на книгата „Иднината на моќта“