Германската пресуда може да ја зајакне ЕУ

Во својата неодамнешна пресуда за програмата на Европската централна банка (ЕЦБ) за купување државни обврзници на секундарните пазари на членките, Федералниот уставен суд на Германија заклучи дека ЕЦБ не успеа правилно да ја процени и објасни „пропорционалноста“ на нејзината политика. Во овој процес, судот со седиште во Карлсруе го отфрли приматот на европското право, основен и конститутивен принцип на Европската Унија (ЕУ), исто така, пресудувајќи дека одлуката на Европскиот суд на правдата (ЕСП) да ја поддржи програмата на ЕЦБ е „едноставно неразбирлива, неубедлива од методолошки причини“ и ја пречекорила надлежноста на судот.

Наспроти незгодните прашања што ги отвори неодамнешната пресуда на германскиот суд за програмата на ЕЦБ за купување државни обврзници на членките, сепак постои и позитивна страна. Сега се поголеми шансите дека ЕУ ќе биде принудена да се соочи со главните институционални слабости на нејзината монетарна унија.
Очигледно е ненавремен потегот за ограничување на капацитетот на ЕЦБ да одговори на кризата во светското јавно здравје и економија. Но ова е дебата за уставните прашања. Принципите важат или не без оглед на околностите или последиците. Како што тврди еден германски коментатор, пресудата во Карлсруе му покажа на ЕСП кој е надлежен.

Во однос на фискалната политика, еврозоната е конфедерација во која важат строги правила. Но токму тие често се почитуваат само во случај на прекршување, а понекогаш и со добра причина. Никој не би сакал дефицитните структури на Пактот за стабилност и раст да бидат механички спроведени како одговор на огромниот шок од пандемијата на ковид-19.
Како резултат на оваа институционална празнина, ЕЦБ е во првите борбени линии кога работите одат во погрешна насока. Креаторите на фискалната политика на национално ниво имаат корист и се чини дека го ценат ова нееднакво делење на товарот.

Наспроти ова, Карлсруе бара Управниот совет на ЕЦБ да примени „процена на пропорционалност“, но и дека германската влада и Бундестагот ја наложуваат. Доколку не се спроведе (според нејасен, отворен список на критериуми) во рок од три месеци и се објасни на „разбирлив“ начин до судот, на Бундесбанката ќе ѝ се забрани понатамошна вклученост во програмата за откуп на обврзници во јавниот сектор на ЕЦБ.
Трикот лежи во тоа што при прифаќањето на одлуката на германскиот суд, Бундесбанката треба се откаже од својата независност, изложувајќи се на судска постапка за монетарната политика. Но ако го занемари барањето на судот, ќе предизвика уставна криза.

За дополнително отежнување на нештата, Карлсруе исто така бара од Владата и парламентот да преземат активни чекори за следење на одлуките за монетарната политика. ЕЦБ секако не треба да одговори на барањето на националниот уставен суд.
Барањето на судот се чини дека се заснова на суштинско недоразбирање во аргументите за независност на централната банка. Делегирањето овластувања на неизбрани технократи може да биде оправдано кога ќе им се даде тесен, обврзувачки мандат. Во случајот со ЕЦБ, нејзината функција се сведува на гарантирање на стабилноста на цените како прв и најважен приоритет.

Сепак, судот сега повикува ЕЦБ да ја оправда „пропорционалноста“ на нејзините монетарни политики со оглед на нивното влијание врз економските и социјалните цели и вршители, вклучувајќи ги и нивните неизбежни несакани ефекти. На пример, само малку економисти ги сметаат централните банки како главни одредувачи на реалните каматни стапки коригирани од инфлацијата. Уште поважно, процените за „пропорционалност“ би опфаќале горливи политички прашања, за кои монетарните технократи немаат легитимност.

Пред две децении, Томамо Падоа-Скиопа, тогашен член на одборот на ЕЦБ, зборуваше за нејзината „институционалната самотија“ поради непостоењето фискален двојник на ниво на еврозоната. По финансиската криза во 2008 година, претседателот на ЕЦБ, Жан-Клод Трише, побара да се воведе европски министер за финансии. Поранешниот претседател на ЕЦБ, Марио Драги, постојано ги критикуваше националните влади за одење по помала линија на отпор и секогаш да се префрла товарот врз ЕЦБ, наместо да ја исполнат нивната одговорност како креатори фискални политики за решавање на долготрајната ранливост на еврозоната. Актуелната претседателка на ЕЦБ, Кристин Лагард, во повеќе наврати зазеде сличен став.

Неодамнешната одлука, гледана од оваа перспектива, всушност може да се покаже како конструктивна. Точно е дека може да ја ограничи простор на ЕЦБ за маневрирање во флексибилно спроведување на програмата за вонредна состојба во тековната пандемија. Иако ова не е најдоброто можно решение, сепак поголем товар би паднал врз креаторите на фискалните политики. Навидум силните членки би си наштетиле ако се покажат неспособни за координирана и кооперативна акција.

Дали е ова момент за Европа, во кој таа е принудена да донесе пофедерална и секако демократски легитимна фискална политика? Со оглед на општата склоност за повлекување зад националните граници и неподготвеноста за откажување од суверените приоритети, сите имаат право да бидат скептични. Но ЕСП остави мал простор за измама. За слободните пари во еврозоната е потребен устав за пресудата да се докаже како спорна.

Авторот е бивш член на извршниот одбор на германската Бундесбанка